Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“

     „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција.

      „Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

      Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.

        „Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

        „За една успешна и амбициозна компанија огромен предизвик е да се одржат високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“


          „Алкалоид“ АД Скопје со донација на течен „Омепразол“

          „Алкалоид“ АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца – пациенти на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле

            „АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ ВРЕДЕН 19,4 МИЛИОНИ ЕВРА

            Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении

              Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“

               „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција.

                „Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

                Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.

                ПОДАТОЦИ ЗА АКЦИИТЕ


                АЛК
                arrow

                Податоци за акциите

                Цена *

                20460.16

                Промена *

                0.05%

                Извор: mse.mk *10 минути задоцнување на резултатите

                ВЕСТИ


                АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – март 2024 година

                Прочитај повеќе

                „Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

                Прочитај повеќе

                АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – декември 2023 година

                Прочитај повеќе

                АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – септември 2023 година

                Прочитај повеќе

                Производи

                ФАРМАЦИЈА

                Луѓето градат високо - за да можат да гледаат подалеку.
                Луѓето градат заедно - за да можат да бидат поблиски.
                Луѓето градат цврсто - за да можат да се чувствуваат. побезбедно. Ние градиме за луѓето да имаат подобро здравје бидејќи ... ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ !

                СЛЕДЕТЕ НÈ

                Заштитете ги своите најмили од здодевните инсекти и овозможете им безброј безгрижни игри во природа со спрејот Becutan против убоди од инсекти. Спрејот содржи активна компонента која ги одбива инсектите и која обезбедува заштита од каснувања дури до 6 часа и екстракт од алое вера кој ѝ дава влажност и мекост на кожата, па по употребата таа останува нежна и мека. Бидете безгрижни за време на долгите прошетки со вашето малечко и доверете му се на Becutan. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ #Becutan

                ...

                Посетете нè
                Климатските промени влијаат врз сите нас и претставуваат најголем предизвик со кој ќе се соочи човештвото во иднина. АЛКАЛОИД АД Скопје, како глобална корпоративна општествено одговорна компанија, е посветен на создавање одржлива иднина преку исполнување на стратегијата која е заснована на целите за одржлив развој на Обединетите нации и која опфаќа одржлива индустриска практика, одржлив дизајн, еколошка едукација, циркуларна економија, обновлива енергија и одржлив развоj. Стратегијата на АЛКАЛОИД АД Скопје е востановена преку примена и преку негување на воспоставената практика за управување со аспектите на животната средина, тимската работа и на несебичното вложување на секој вработен за градење одржлив систем за управување со животната средина, за создавање одржлива еколошка вредност на компанијата и за здрава животна средина за сите нас. При сите наши активности настојуваме да ги подобриме перформансите за заштита на животната средина првенствено преку производство на сопствена енергија од обновливи извори, промовирање на енергетската ефикасност во сите активности и процеси, континуирана примена на добрата практика за управување со отпадот, избегнување, намалување, повторна употреба и рециклирање на отпадот, инкорпорирање одржлив пристап во развојот на производите, следење и практична примена на најновите иновации во разни области, вклучително и најновите иновации за подобро постигнување климатска неутралност. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

                ...

                Посетете нè
                Ви ги честитаме велигденските празници со желби за добро здравје, мир и среќа за вас и за вашите најблиски. Ваш, Алкалоид #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

                ...

                Посетете нè
                Актуелноста на витаминот Д особено дојде до израз во текот на пандемијата со COVID 19, при што се разбуди голем интерес, но се отворија и голем број полемики како кај општата популација така и во стручните и научни кругови. За таа цел, Македонското здружение за ентерална и парентерална исхрана, во соработка со уште шест лекарски здруженија, ја подготви научната публикација со наслов „Насоки за превенција, препознавање и за лекување на недостигот од витамин Д меѓу возрасната популација во Република Северна Македонија“. Таа опфаќа 8 медицински области и 27 заболувања, за кои се дадени препораки за соодветна употреба на витаминот Д. Оваа публикација наменета за здравствените работници има цел да даде осврт на улогата на витаминот Д кај разни ендокринолошки, дерматолошки, гастроентеролошки, ревматолошки, кардиолошки, белодробни, невролошки и психијатриски заболувања. Исто така, таа нуди одговори на прашањата за тоа која е улогата и до кој степен хиповитаминозата со витаминот Д ја влошува веќе развиената клиничка слика, дали хиповитаминозата е причина за заболувањето или негова последица, колкава доза, до која целна вредност и колку долго треба да се суплементира витаминот Д кај разни заболувања, како и кои се докажаните придобивки од корекцијата на хиповитаминозата. Со поддршка на АД „Алкалоид“, публикацијата е отпечатена во тираж од 1.400 примероци и ќе се дистрибуира до лекарските здруженија и до лекарите низ земјава. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

                ...

                Посетете нè

                Страница специјално развиена за здравствени професионалци

                Посетете не и пронајдете интересни и корисни содржини, збогатете ги своите знаења, и дознајте како понудените информации и алатки можат да ви помогнат во вашата секојдневна грижа за пациентите.